Искра Шукарова

македонска балерина и кореограф

Искра Шукарова (р. 21 октомври 1972 во Скопје) — македонска балерина, кореограф и истакнат солист.[1][2]

Искра Шукарова
Родена 21 октомври 1972(1972-10-21)(52 г.)
Скопје, СФРЈ СФР Југославија
Националност Македонка
Занимање балерина, кореограф

Шукарова е истакнат солист, со смисла за драматуршко обликување на улогите. Претставник е на модерниот балетски израз.

Животопис

уреди

Шукарова завршила нижо и средно музичко балетско училиште во Скопје отсек класичен балет, во класата на Ѓурѓица Јовановска. Современ балет студирала на Конзерваториумите во Лион, Франција во 1993 година.

Дипломирала во 2000 година на Филозофскиот факултет во Скопје на групата историја на уметноста со археологија. Магистрирала танцови студии во „Лабан“, центарот за танци и кореографија во Лондон.

Од 1990 година се придружува на балетскиот ансамбл на Македонскиот народен театар, каде работела како истакнат солист и кореограф. Од декември 2002 година е уметнички раководител на Балетскиот ансамбл при МНТ. Била директор на Балетот при МНТ во периодот 2004-2005.

Од 1994 година се занимава со кореографска дејност. Како кореограф има работено на проектите: „Пастели“, „Инферно“, „Четири годишни времиња“, „Бесконечно патување“, „Четири слики во движење“, „ЉБ-2“, „Играј со мене“ и „Надвор од тангентата“.[3]

Наводи

уреди
  1. Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Шукри“. Македонска енциклопедија. , книга II (М-Ш). Скопје: МАНУ. стр. 1665. Text "series " ignored (help)
  2. Veljo Kočiški (2004). Makedonskiot naroden teatar vo samostojna Republika Makedonija. Makedonski naroden teatar.
  3. „Гостувања на Искра Шукарова на два интернационални фестивали во Истанбул и Севиља“. Канал 77. 29 септември 2010. Посетено на 2010-11-26.