Весна Ацевска
Весна Ацевска — поет, раскажувач и преведувач. Родена е на 10 ноември 1952 година во Скопје. Завршила Филолошки факултет во Скопје. Работела во весникот „Република“, а од 1992 година работи во Институтот за национална историја во Скопје. Член е на Друштвото на писателите на Македонија од 1991 година и на меѓународното друштво „Калеваласеура“ од Финска. Го препеала финскиот спев Калевала и за него ја добила наградата за препев „Григор Прличев“ за 2000 година, а во посебна книга се објавени препеви од персискиот еп „Шахнаме“ на Фирдоуси (2007). Ацевска објавила избор од руските бајки, книги препеви од руските поетеси Ана Ахматова и Марина Цветаева, од српските поети Симон Симоновиќ и Александар Рашиќ, од бугарскиот поет Петко Братинов (заедно со С. Стојчевски), како и антологија на албанската народна лирика (заедно со С. Стојчевски и Џ. Ахмети). Избори од нејзината поезија како книги се објавени на албански, бугарски, романски, српски и турски јазик. Списанието за литература, уметност и култура „Стремеж“ - Прилеп, објави специјален број (5-6, 2008) посветен на творештвото на Ацевска.
Весна Ацевска е член е на Македонскиот ПЕН-центар (2009)[1]
Книжевно творештво
уреди- Подготовки за претстава (поезија, 1985)
- Карпа за скок (поезија, 1991)
- Лавиринт (роман, 1992)
- Рок видри (роман, 1993)
- Скалила во зеленото (роман, 1994)
- Котва за Ное (поезија, 1994)
- Неред во огледалото (поезија, 1996)
- Кула во зборот (поезија, 2005)
- Столисник (поезија, 2008)
- Мартинки (поетски избор, 2009)
Награди
уреди- Браќа Миладиновци Архивирано на 16 септември 2016 г. (за Столисник, поезија, 2009) на Струшките вечери на поезијата
- 2000 Григор Прличев (награда за препев) на ''Калевала''
- 2009 Григор Прличев (награда за препев)на ''Стара Еда''
- 2012 Ацо Шопов (награда) за Будност. Лотос
Наводи
уреди- ↑ Македонски писатели, Друштво на писатели на Македонија, 2004, стр. 33.