Анета Шукарова
Анета Шукарова (1 август 1955 во Скопје) — македонски класичен филолог и историчарка, професорка на Институтот за национална историја.[1]
Анета Шукарова | ||
Родена | 1 август 1955 Скопје, СФР Југославија | |
---|---|---|
Националност | Македонка | |
Занимање | филолог, историчар, професор |
Животопис
уредиДипломирала во 1979 година на Филозофско-историскиот факултет во Скопје, на групата класични студии. Била професорка во гимназијата „Орце Николов“, а потоа преминала во Институтот за национална историја во 1981 година. Магистрирала на темата „Јустинијана Прима“ во 1991 година, а во 2001 година докторирала на Институтот за национална историја на темата „Атинските ретори и Филип II Македонски“.
Три години била професорка по предметот Историја на античките Македонци на групата Историја и архивистика на Филозофскиот факултет во Скопје.
Автор е на повеќе научни трудови од областа на античкиот и рановизантискиот период. Учествувала на научни собири во земјата и во странство.
Наводи
уреди- ↑ Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Шукри“. Македонска енциклопедија. , книга II (М-Ш). Скопје: МАНУ. стр. 1663. Text "series " ignored (help)