Станислава Караиванова
Станислава Петрова Караиванова-Балканова[1] е македонска учителка и револуционерка.
Станислава Караиванова | |
---|---|
Роден(а) | 8 мај 1857 Сопот, Османлиско Царство |
Починал(а) | 1926 Софија, Царство Бугарија |
Животопис
уредиРодена е во Сопот, тогаш во Османлиското Царство, денешна Бугарија. Ќерка е на учителката Недела Петкова и е братучетка на Васил Левски по мајчина линија. Во 1872 година станала првата учителка во Битола.[2] Поради интриги со гркоманите училиштето било затворено. Станислава Караиванова заминува заедно со својата мајка во Охрид. Исто така била учителка и во Воден (1870-1873),[3] а потоа во Солун и во Крива Паланка (1878).[4] Заедно со својата мајка учествува во везење на знамето за четата на Димитар Беровски, организатор на Разловечкото востание. Станислава Караиванова напишала и песна за него во текот на 1876 година.
Наводи
уреди- ↑ Миладинова-Алексиева, Царевна. Епоха, земя и хора, Издателство на Отечествения фронт, 1985, стр. 351.
- ↑ Петкова, Неделя. „Спомени“. София, 1987. стр. 24.
- ↑ Кирил патриарх Български. Българската екзархия в Одринско и Македония след Освободителната война 1877-1878. Том първи, книга втора, стр. 35.
- ↑ Албум-алманах „Македония“, София, 1931.