Роса Пауновска
Роса Петкова Пауновска (с. Кокино, Кумановско, 1875 - Кокино, 1971) — македонски изведувач на народни песни[1].
Животопис
уредиПауновска е родена во кумановското село Кокино во 1875 година. Таа била ќерка на познатиот кокински војвода Петко, доселен од соседното с. Малотино. Не одела на училиште. Во својот живот никогаш не отпатувала подалеку од Куманово, каде што обично одела во пазарните денови[2]. Во нејзиниот репертоар се наоѓаат околу 250 народни песни од нејзиниот крај[3]. Магнетофонски записи од нејзиното пеење се депонирани во Архивата на Институтот за фолклор „Марко Цепенков“ во Скопје, снимени од Симо Младеновски во 1969 година.