Милка Шопова
Милка Шопова ( 1924 во Дебар — 2012) — македонска универзитетска професорка на Природно-математичкиот факултет во Скопје.[1][2]
Милка Шопова | ||
Родена | 1924 Дебар, Кралство Југославија | |
---|---|---|
Починала | 2012 Скопје, Македонија | (возр. 87–88)|
Националност | Македонка | |
Занимање | гинеколог-акушер, универзитетски професор |
Животопис
уредиМилка Шопова докторирала во 1961 година во Скопје. Нејзиниот истражувачки потенцијал ја однел на специјализација во институтот Џон Инс Хартворд Хертс во Англија, кај прочуениот научник и предавач, цитогенетичарот Дарлингтон. Своето знаење по цитогенетиката го поткрепува со студискиот престој на Институт за генетика при Универзитетот во Бирмингем.
Држела предавања од областа на цитогенетиката на Универзитетот во Мериленд, САД, и на Универзитетот во Краков, Полска.
Шопова има објавено над 130 научни трудови, воглавно од областа на цитогенетика, мутагенеза и анатомија на растенијата. Нејзините трудови освен во домашните (СФРЈ), биле објавувани и во меѓународни, престижни списанија и други публикации. Оставила длабока трага со своите залагања и тридови за развој на Институтот за биологија при Биолошкиот факултет во Скопје.[3]
Наводи
уреди- ↑ Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Шопова“. Македонска енциклопедија. , книга II (М-Ш). Скопје: МАНУ. стр. 1657. Text "series " ignored (help)
- ↑ 70 години ПМФ Скопје
- ↑ „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2014-10-15. Посетено на 2020-12-09.