Златка Поповска
Златка Поповска (Скопје, 1948) — македонски универзитетски професор. Извршувала бројни научни и општествени работи.[1] Во периодот 1997-1998 година била потпретседател на Владата на Македонија.
Животопис
уредиПоповска е родена во Скопје во 1948 година. Се вработува на Економскиот факултет каде во 1979 магистрирала на последипломскиот студиум на тема Економски развој и методи на економска анализа. Во 1985, одбранува докторат од областа на технолошката стратегија на Економскиот факултет во Белград. Област на научен интерес: технолошки развој, технолошка и развојна стратегија, системско мислење, управување со системите, информациски системи.
Била Претседател на Општествениот Совет за економски развој при републичкиот извршнен совет, Претседател на Советот за општествениот систем на информирање при републичкото собрание, потпретседател на Владата на Македонија (1997-98) и Национален координатор на странска помош. Била и Претседател на Сојузот на економисти на Македонија од 2000 до 2004 година. Добитник е на награда Гоце Делчев за највисок научен придонес во државата во 2002 година.
Има висока позиција во Социјалистичката партија на Македонија, каде учествувала во трката за претседател на истата.[2]
Сопруга е на починатиот македонски политичар и правник Киро Поповски.
Библиографија
уредиАвтор е на повеќе од 130 статии, проекти, студии и книги.
- Статии
- "Управување со знаењето и економскиот раст во Република Македонија", Годишник на Економскиот факултет, Скопје (2008)
- "Современите развојно технолошки промени и ние", Годишник на Економскиот факултет, Скопје
- "Новите фактори на развојот и интегрирањето во ЕУ", Билтен на Министерството за финасии (2004)
- "Националната конкурентност во времето на глобализацијата", Сојуз на економисти (2004)
- Книги
- Управување со системите (2006)
- Политика на технолошкиот развој (2000)
- Управување, системи, економија (1995)
- Технолошки развој на Македонија (1993)
- Како да се пристапи до европските бази на податоци (соавтор) (1992)
- Терминолошки речник: економска кибернетика (1989)
- Технолошка стратегија као део развојне стратегије у самоуправном друштву (1986)
Наводи
уреди- ↑ Марковски, Градимир (9 јануари 2008). „Жени што исчезнаа од македонската политика“. Вечер. Архивирано од изворникот на 2013-12-11. Посетено на 2009-11-01.
- ↑ Јованов, Митко (18 март 2006). „СПРОТИ КОНГРЕСОТ НА СОЦИЈАЛИСТИЧКАТА ПАРТИЈА Ѕинго и Витанов ќе се борат за водачкото место“. Дневник. Посетено на 2009-11-01.[мртва врска]