Лилјана Клисарова

македонска универзитетска професорка

Лилјана Клисарова (моминско: Ѓорѓиева; 24 јули 1939 во Скопје) — македонска универзитетска професорка на Институтот за хемија на Природно-математичкиот факултет во Скопје.[1]

Лилјана Клисарова
Родена Лилјана Ѓорѓиева
24 јули 1939
Скопје, Кралство Југославија
Националност Македонка
Занимање универзитетска професорка

Животопис

уреди

Лилјана Ѓорѓиева Клисарова после работата како редовен професор на ПМФ, преминала на работа на Фармацевтскиот факултет во Скопје и заминала во пензија во 2002 година. Дипломирала (1962), магистрирала (1979) и докторирала (1984) во Скопје. Изведувала настава по органска хемија, органска стреохемија и хетероциклична хемија за студенти по хемија и по фармација. Главна научна преокупација и била синтезата и изолацијата на биолошки активни супстанции и следење на нивната антибактериска активност, макар што отпрвин работела во областа на аналитичката хемија. Објавила повеќе трудови во домашни и странски списанија, а презентирала и соопштенија на научни манифестации.

Наводи

уреди
  1. Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Клинче“. Македонска енциклопедија. , книга II (М-Ш). Скопје: МАНУ. стр. 702. Text "series " ignored (help)