Д-р Елена Етингер Каваева (Ченстохова, 16 март 1893 - Струга, 2 февруари 1983) била една од основоположничките на македонската здравствена заштита на охридско-струшкиот крај, активен учесник во октомвриската револуција во Русија, личен пријател на Владимир Илич Ленин и помагач на НОВ во Македонија.

Родена е во градот Ченстохова, денешна Полска, во 1893 година, во семејството на фабрикантот Јузеф и Регина Етингер. Учела во Берн, а потоа од 1910 година во Берлин, каде што запишала студии по медицина, а кон крајот на 1913 ја одбранува и докторската дисертација. Потоа заминува во Санкт Петербург да полага државен испит. Почетокот на Првата светска војна ја затекнува во Берлин,[1] од каде на 15 јануари 1915 година заминува за Русија.[2] Откако две недели бара работа, живеејќи само на топла вода и сув леб, наоѓа работа по струката како лекар во 169-та Воена болница. Таму се запознава со Владимир Каваев, кој подоцна и станува сопруг.[3]

Зема учество во уличните демонстрации во Петроград кога избувнува октомвриската револуција и до 1920 година е во Русија, работејќи на страната на револуционерната власт.

Јас не учев и не дојдов тука за да печалам, ами да лекувам болни ... да бидам од полза за народот...!

Во Македонија доаѓа заедно со својот сопруг во 1923 година.[4]

Каваева е основоположник на педијатријата во Македонија, а во 1947 година станува шеф на првиот детски диспанзер во Охрид.[5]

Во 1968 година е одликувана со советски Орден за воени заслуги.[6]

Наводи

уреди
  1. „Д-р Елена Етингер Каваева“
  2. Елена Етингер - Каваева „Средби со Ленин“ во „Македонци во октомвриската револуција“, Радио-телевизија Скопје, 1968.
  3. Жура, Владо (5 февруари 2008). „Сеќавање на еден вонредно значаен хуманист: D-r Каваева“. Ohrid News. Посетено на 2012-06-22.
  4. „Стружанец главен лекар во октомвриската револуција“ Архивирано на 30 јуни 2008 г., „Глобус“
  5. Стојан Ковачески, Марјан Димитријевски „Д-р Владимир и Д-р Елена Каваеви“, Центар за култура „Браќа Миладиновци“ – Струга, Струга, 2010, 89 стр.
  6. „Македонска енциклопедија“, МАНУ, Скопје, 2009, 657 стр.