Елисавета Савченко

Елисавета Савченко (20 август 1903, во Бобровица, Киев26 октомври 1999, Сливен, Бугарија) — македонска оперска певица.[1]

Елисавета Савченко
Родена САВЧЕНКО (КАТЕРИНИЌ, ПЛОТНИЦКА), Елисавета
Националност Украинка

Животопис

уреди

САВЧЕНКО (КАТЕРИНИЌ, ПЛОТНИЦКА), Елисавета (Бобровица, близу Киев, Украина, 20. Ⅷ 1903 – Сливен, Бугарија, 26. Ⅹ 1999) – оперска певица, сопран. Носител на улогата на Сантуца во првата изведба на операта Кавалерија рустикана на сцената на Македонскиот народен театар на 9 мај 1947 г., датумот на раѓањето на Македонската опера, во која работела од 1947 до 1949 г.. Покрај улогата на Сантуца настапила и во улогата на Тоска во истоимената опера и Људмила во Продадена невеста. Ф. М.

Наводи

уреди
  1. Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Бучим“. Македонска енциклопедија. , книга I (А-Љ). Скопје: МАНУ. стр. 231. Text "series " ignored (help)