Нада Митева

македонски биолог и универзитетска професорка

Нада Митева (7 септември 1947 во Пехчево) — македонски биолог и универзитетска професорка.[1]

Нада Митева
Родена 7 септември 1947(1947-09-07)(77 г.)
Пехчево, СФРЈ СФР Југославија
Националност Македонка
Позната биолог
Занимање универзитетска професорка

Животопис

уреди

Основно образование завршила во родното место, а гимназија во Скопје. Во учебната 1966/67 година се запишала на ПМФ, група биологија. Дипломирала во 1970 година. Во 1972 година се вработила како договорен асистент на Биолошкиот факултет во Скопје. Во 1975 година е избрана за асистент по предметот општа биологија за студентите од Медицинскиот и Стоматолошкиот факултет во Скопје. Магистерската работа ја одбранила во 1978 година, а докторската дисертација во 1987 година. За доцент е избрана во 1988 година, а за вонреден професор во 1993 година. Во звањето редовен професор е избрана во 1988 година. Се занимава со хистоморфолошки истражувања на стаорците и рибите. Објавила околу 40 научни трудови.

Наводи

уреди
  1. Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Мисиркова-Руменова“. Македонска енциклопедија. , книга II (М-Ш). Скопје: МАНУ. стр. 964. Text "series " ignored (help)