Блага Видец (Битола, 24 септември 1930Сараево, 21 октомври 1982) — македонска оперска пејачка - мецосопран[1].

Блага Видец
Основни податоци
Роден(а)24 септември 1930
Битола
Починал(а)21 октомври 1982
Сараево
Жанр(ови)народна музика
класична музика
Занимање/њапејачка

Животопис

уреди

Видец е родена во Битола на 24 септември 1930 година. Пеење учела во Загреб и во Љубљана. Била солист на Операта на МНТ од 1954 до 1960, а потоа на Сараевската опера. Остварила повеќе главни улоги од мецосопранскиот фах, меѓу кои: Ацучена (Трубадур), Амнерис (Аида), Далила (Самсон и Далила), Кармен, Фенена (Набуко), Поседувала природна музикалност и смисла за сценско обликување. Настапувала на концертниот подиум и во доменот на народната и забавната музика[2].

Фестивали

уреди
  • 1960 Опатија — Приспивна за Скопје
  • 1974 Илиџа — Сакај, љуби

Наводи

уреди
  1. Македонска енциклопедија. I (прво. изд.). МАНУ. стр. 273. ISBN 978-608-203-024-1.
  2. „АНДРЕЈА СТОЈКОВСКИ, КОЛЕКЦИОНЕР - Собирач на македонска народна музика“. Дневник. 18 март 2006. Посетено на 2009-11-21.[мртва врска]