Лилјана Чаловска
политичарка
Лилјана Чаловска (Софија, 1920 година - Скопје, 20 јули 1997) — активна учесничка во напредното движење на македонските студенти во Белград. Член на КПЈ од 1940 година. Делегат на Второто заседание на АВНОЈ. Еден од организаторите на Првиот конгрес на Народноослободителниот младински сојуз на Македонија, на 21 декември 1944 година во Фуштани и негов раководител. Учесник во АСНОМ. Народен пратеник во Собранието на Македонија и во Сојузното собрание.
Лилјана Чаловска | ||
Роден | 1920 Софија | |
---|---|---|
Починал | 20 јули 1997 Скопје | |
Националност | Македонка | |
Занимање | политичарка, поетеса | |
Сопружник | Лазар Колишевски (до 1952) | |
Татко | Ахил Чаловски |
Била член и на Друштвото на писателите на Македонија и автор на неколку збирки поезија:
- „Бдение за Виетнам“ (1967),
- „Антидневник“ (1971),
- „Пребир“ (1972),
- „Пергел“ (1974),
- „Повесница“ (1977),
- „Поморјански песни“ (1981),
- „Стихови“ (1981)
Чаловска му била сопруга на Лазар Колишевски.[1]
ПоврзаноУреди
НаводиУреди
- ↑ „ЕКСКЛУЗИВНО: ЦИА открива пикантерии од љубовниот живот на Лазар Колишевски“. еМагазин. Посетено на 5 ноември 2021.
Оваа статија за е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |