Цветанка Зојчевска
македонска новинарка и театарски критичар
Цветанка Зојчевска (Прилеп, 27 февруари 1946) — македонска новинарка и театарска критичарка.
Цветанка Зојчевска | ||
Родена | Цветанка Зојчевска 27 февруари 1946 Прилеп, СФРЈ (денес Македонија) | |
---|---|---|
Националност | Македонка | |
Занимање | новинарка, театарска критичарка |
Животопис
уредиРодена е во Прилеп на 27 февруари 1946 година. Дипломирала на Филозофскиот факултет во Скопје. Работела долги години како новинар во весникот „Вечер“, а во 2000 година станала уредник на културната рубрика во весникот „Вест“. Во 1990 година започнала да се занимава со театарска критика и оттогаш има напишано над 700 критики. Автор е на книгата „Идентитетот не е нејасна магла“.[1]
Наводи
уреди- ↑ Македонска енциклопедија. I (I. изд.). Скопје: МАНУ. стр. 577. ISBN 978-608-203-024-1.