Светлана Христова-Јоциќ
Светлана Христова - Јоциќ (Ресен, 27 февруари 1941 - Скопје, 27 април 2012) — македонска поетеса, есеист и писател за деца. Завршила Филозофски факултет во Скопје. Работела како новинар во Радио Скопје. Била секретар и претседател на ДПМ и покренувач и главен и одговорен уредник на ревијата „Стожер“. Член e на македонскиот ПЕН центар и на ДПМ. Добитник е на наградата „Браќа Миладиновци“.[1]
Светлана Христова - Јоциќ | |
---|---|
Светлана Христова - Јоциќ на гробот на Петре М. Андреевски | |
Роден/а | 27 февруари 1941 Ресен |
Починат/а | 27 април 2012 Скопје |
Занимање | поет, есеист и романописец |
Партнер | Петре М. Андреевски, Владо Јоциќ |
Деца | Сергеј Андреевски |
Книжевно творештво
уреди- Калесница (поезија, 1970)
- Скришен ковчег (поезија, 1974)
- Сињо (поезија, 1980)
- Последна битка (повест за деца, 1980)
- Алка за нишалка (позија за деца, 1981)
- Еа (поезија, 1984)
- Хагада (поезија, 1987)
- Зачатие (поезија, 1990)
- Самечка ќелија (поезија, 1993)
- Душница (избор поезија, 1993)
- Гусларот (повест за деца, 1993)
- Стровиште (роман, 1994)
- Силенто (поезија, есперанто, 1995)
- С. Бесмертна (поезија, 1996)
- Голема молитва (поезија, 2000)
- Крста и монистрото (2003)
- На ште срце (поезија, 2012)
Извори
уреди- ↑ Маринела Јовановиќ, Нада Филева: „Мал охридски литературно-научен лексикон“, Охрид 2002
Оваа статија македонски писател е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |