Богиња Гучева
Богиња Гучева (моминско: Владиславова; Куманово, 30 март 1927 - Скопје, 8 август 2005) — македонски универзитетски професор и ревматолог.
Богиња Гучева | ||
Родена | Богиња Владиславова 30 март 1927 Куманово, Кралство СХС | |
---|---|---|
Починала | 8 август 2005 Скопје, Македонија | (возр. 78)|
Националност | Македонка | |
Занимање | универзитетски професор, ревматолог |
Животопис
уредиБогиња Гучева дипломирала на Медицинскиот факултет во Белград, а специјализирала интерна медицина во Скопје. Повеќе години работела на Одделот и Клиниката за нефрологија и учествувала во воведувањето лекување со хемодијализа. Професионалниот живот го продолжила на Клиниката за ревматологија како нејзин соосновач, заедно со професорот Д. Арсов, и долгогодишен директор. Вовела поголем број на методи за дијагноза и терапија на ревматолошки болести.[1]
Наводи
уреди- ↑ Македонска енциклопедија. I (I. изд.). Скопје: МАНУ. 2009. стр. 418. ISBN 978-608-203-024-1.