Мери Бошкова

(Пренасочено од Марија Бошкова)

Мери Бошкова (Битола, 2 мај 1924 - Скопје, 25 март 2014) — македонска театарска, телевизиска и филмска глумица, доајен на македонската глумечка уметност.[1]

Мери Бошкова
Роден(а)2 мај 1924
Битола, Кралство СХС
Починал(а)25 март 2014(2014-03-25) (возр. 89)
Скопје, Македонија
НационалностМакедонка
Занимањеглумица
Активен период1948 - 2006
Познат(а) попо улогата во:
Фросина
Ангели на отпад
Чорбаџи Теодос

Животопис

уреди

Бошкова е родена во Битола на 2 мај 1924 година. Таа ја играла насловната улога во првиот македонски долгометражен игран филм „Фросина“ (1952) на режисерот Воја Нановиќ, како и во првата македонска филмска комедијаМирно лето“ (1961)[2], во режија на Димитрие Османли. Добитничка е на најголемите признанија во нејзината богата глумечка кариера: Стериината награда за ликот на мадам Дибоа („Еригон“ од Јордан Плевнеш), како и голем број на високи сојузни и републички признанија - награда на Владата на ФНРЈ, Владата на НРМ, наградите „11 Октомври“ и „13 Ноември“, наградата за животно дело и др.

Со своите први настапи во родната Битола, го свртела вниманието на публиката и критиката. Таа е носител на главните рољи со кои се прославила и во Македонскиот народен театар во Скопје: Живка во „Госпоѓа министерка“ од Бранислав Нушиќ, Дездемона од Шекспир, Бароница Кастели во „Господа Глембаеви“ и „Нора“ од Хенрик Ибзен.

Скоро една деценија живеела и творела во Драмата на Народниот театар во Белград, каде се прославила со: „Коштана“ од Бора Станковиќ, „Тетовирана ружа“ од Тенеси Вилијамс и др.

По враќањето во Скопје, таа била носител на главните улоги на македонската сцена сè до пензионирањето, но сепак не се повлече. Таа останува со својата животна улога на Живка Министерка, со која творба се вброила меѓу најдобрите улоги на југословенската сцена.

Освен на „даските што значат живот“, таа била активна и во радио драмите, ТВ драмите, како и на филмскиот екран. Нејзина последна филмска глумечка творба е на филмскиот екран во филмот на Димитрие Османли, „Ангели на отпад“. Мери Бошкова починала на 25 март 2014 година во Скопје.[3] Погребана е на градските гробишта Бутел во Скопје.[4]

Филмографија

уреди
Година Филм Улога
1952 Фросина ТВ-филм Фросина
1959 Човек судбина ТВ-филм
1959 Три стрели на Купидон ТВ-филм
1961 Мирно лето ТВ-серија Нада
1961 Судење Мери Дуган ТВ-филм
1962 Коштана ТВ-филм Ката
1966 До победата и по неа ТВ-филм
1969 Бамја ТВ-филм
1969 Сеништа ТВ-филм Хелена
1970 Слики на дрво ТВ-филм
1970 Вујковиот сон ТВ-филм
1975 Шути и рогати ТВ-филм
1975 Бели памук ТВ-филм
1975 Зар и ти Сотире ТВ-филм
1976 Најдолгиот пат ТВ-филм Мајката
1976 Војвода Спиро црне ТВ-филм
1978 Најдолгиот пат ТВ-серија Мајката
1982 Илинден ТВ-серија
1987 Народни трибини ТВ-серија
1987 Чук, чук Стојанче ТВ-серија
1987 Чорбаџи Теодос ТВ-филм Кева
1988 Тврдокорни ТВ-серија
1992 Хераклеа по втор пат ТВ-филм
1993 Крик на немиот Индијанец ТВ-филм
1995 Ангели на отпад ТВ-филм Мими
1998 Збогум на 20-тиот век ТВ-филм
2006 Мост ТВ-филм

Наводи

уреди
  1. Борис Вишински и Перо Коробар (1966). 20 години образование, култура и наука во СР Македонија. Нова Македонија.
  2. „Мери БОШКОВА - глумица“. Архивирано од изворникот на 2013-11-10. Посетено на 2011-06-08.
  3. Почина глумицата Мери Бошкова[мртва врска], !Нова Македонија, 26 март 2014.
  4. http://daily.mk/makedonija/pochina-akterkata-meri-boshkova-3

Надворешни врски

уреди