Елена Моше
македонска глумица
Елена Моше (4 мај 1968 во Битола) — македонска глумица од еврејска народност.[1]
Елена Моше | ||
Родена | 4 мај 1968 Битола, СР Македонија, СФРЈ | |
---|---|---|
Националност | Македонка | |
Народност | Еврејка | |
Занимање | глумица |
Животопис
уредиДипломирала на ФДУ во Скопје, на отсекот Глумечка игра (1993) и станала член на Народниот театар во Битола.
Улоги: Томанија („Патувачки театар Шопалов”), Хајди во истоименото дело, Анџела („Мајстори на забуни“ ), Поца („Летни Силјане” ), Ирина („Три сестри” ), Милка („Чест”), Рашела („Спилион”), Соланж („Слугинки”), Камиј ( „Не шегувај се со љубовта”), Лора („Стаклена менажерија”), Жана („Дома”), Надежда („Семејни приказни”), Едит Пјаф („Пјаф”) и други.
Филмографија
уредиФилмови и ТВ серии
- Келнерка - Бумбари ТВ серија, р. Горан Тренчовски, 1994.
- Сем - Прашина ТВ филм, р. Милчо Манчевски, 2001.
- 1 учител - Големата вода ТВ филм, р. Иво Трајков, 2004.
- Анѓа - Илузија ТВ-филм, р. Светлозар Ристовски, 2004.
- Жената - Превртено ТВ филм, р. Игор Иванов-Изи, 2007.
- Селанка - Збогум Румелија, ТВ серија, р. Сердар Акар, 2008.
- Живка - Ослободување на Скопје ТВ филм, р. Раде Шербеџија, 2016.
- Селанка - Балканска приспивна песна ТВ серија, р. Сердар Акар, 2022.
- Соња - Кајмак ТВ филм, р. Милчо Манчевски, 2022.
Наводи
уреди- ↑ Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Мостров“. Македонска енциклопедија. , книга II (М-Ш). Скопје: МАНУ. стр. 992. Text "series " ignored (help)