Радмила Котевска
македонска педијатарка и нефролог
Радмила Котевска (моминско: Јованова; 10 јуни 1924 во Куманово — 15 септември 2003 во Скопје) — македонска педијатарка и нефролог.[1]
Радмила Котевска | ||
Родена | Радмила Јованова 10 јуни 1924 Куманово, Кралство Југославија | |
---|---|---|
Починала | 15 септември 2003 Скопје, Македонија | (возр. 79)|
Националност | Македонка | |
Позната | основач на Одделот за детска нефрологија | |
Занимање | педијатарка, нефролог |
Животопис
уредиСтудите по медицина ги завршила во Белград, а специјализирала во полето на педијатрија на Детската клиника при Медицинскиот факултет во Скопје, по што се усовршувала во два наврати во Париз кај францускиот професор и педијатар Роберт Дебре, на наставната болница Hôpital Necker – Enfants Malades.
Била основач на Одделот за детска нефрологија при Клиниката за педијатрија, а како пионер во полето на детска нефрологија се здобила и со звањето примариус во оваа стручна активност.
Била автор на над сто публикации од областата на општата педијатрија и детската нефрологија.
Наводи
уреди- ↑ Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Костовски“. Македонска енциклопедија. , книга I (А-Љ). Скопје: МАНУ. стр. 746. Text "series " ignored (help)