Мирјана Аџиќ
Мирјана Аџиќ (13 јуни 1950 во Ниш - 16 октомври 2023 во Скопје) — македонски интернист и геронтолог.[1]
Мирјана Аџиќ | ||
Родена | Мирјана Аџиќ 13 јуни 1950 Ниш, СФР Југославија | |
---|---|---|
Починала | 16 октомври 2023 Скопје, Македонија | (возр. 73)|
Позната | интернист, геронтолог |
Животопис
уредиМедицина завршила во Скопје (1976), а специјализира интерна медицина (1991), ориентирана кон геријатрија и палијативна медицина. Од 1988 година е директор на Геронтолошкиот завод „13 Ноември“ во Скопје. Од 1997 година е член на Одборот на Фондацијата Сју Рајдер – Лондон. Во 2000 година станува примариус. Објавила над 50 трудови.
Наводи
уреди- ↑ Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Аџиќ“. Македонска енциклопедија. , книга I (А-Љ). Скопје: МАНУ. стр. 107. Text "series " ignored (help)