Сирма Војвода (Тресонче, 17761864, на пат од Прилеп за Варош) — македонска ајдутка од XIX век, една од најопејуваните македонски жени.[1]

Сирма Војвода
Роден 1776
Тресонче, Дебарско
Починал 1864
на пат од Прилеп за Варош
Сопружник Велко Спиров

Животопис

уреди

Сирма Стрезова Крстева е родена во 1776 година дебарското село Тресонче. Таа била ќерка на Анѓа и Петре Врлески. Нејзиниот татко бил зограф, кој бил самоук, но се занимавал и со ѕидарство. Покрај тоа, тој бил и печалбар и така ги научил околните соседни јазици. Од другата страна пак, нејзината мајка се занимавала со ткаење и везење.

Сирма била единка на Петре и Анѓа. Поради тоа, таа помагала на нејзините родители, особено по снемогнувањето на нејзиниот дедо. Интересот за борба против тиранија и разбојништво кај Сирма се појавила првично поради приказните кои ги слушала за разбојништвата во крајот како и поради фактот што селото еден ден било опколено од разбојници. При тој настан, семејството се засилнило во блиската пештера Алилица во месноста Голем Дол на планината Шкрка. Семејеството се вратило во селото по два дена кога затекнале запалени куќи и опустошеност. Сето тоа само ја зголемило нетрпеливоста на Сирма кон качачките банди. Во тие мигови кај неа изгледа дека се појавила намислата како да се одмазди за неправдите, со што наполно и се изменил животот.

Војвода

уреди

Сирма одлучила да стане војвода на многу млади години. Шансата за одмазда за опустошувањата ги видела во собирот на локалните македонски ајдуџи за време на Ѓурѓовден во 1791 година. Таа заминала на средбата облечена во машка носија и била најмладиот член со своите 18 години. Нејзиното семејество не било известено за овој потег на Сирма. На средбата имало околу 70 мажи. Најистакнат член на ајдуците бил тресончанецот Мицо и тој предложил дека за водач на групата ќе биде избран најмладиот член. Сирма била најмлад член на дружината и одлуката за нејзин избор била прифатена од сите членови. Кога Сирма застанала на челото на дружината, таа го дала знамето на дружината на знаменосецот Вело Шпиров. Сирма била на чело на дружината од 1791 до 1813 година. Се вели дека ајдуците дознале дека е женско дури откако дружината се растурила, а Сирма се омажила за Вело Шпиров, бајрактарот.

Последни години

уреди

Планините ги напуштила во 1813 година кога станала сопруга на бајрактарот Вело Шпиров. Тие заминале за Крушево, каде престојувале подолг период. Понатака, тие се преселиле во Прилеп. каде и починала на 85 годишна возраст во 1858 година. Сирма била закопана со најголеми почести во тогашно време.

Сирма Војвода во народното творештво

уреди

Времето го направило своето и кај новите генерации тресончани за неа останале само бледи сеќавања. Сирма одлично се познавала со Димитар Миладинов, но за жал ниту во неговите книги и дела тој не споменал подетални моменти од нејзиниот живот. Останала напишана само една куса белешка која во целост гласи вака:

Сирма се роди во дебарското село Тресонче. Бидвешчем под машко облекло, обходи как војвода планините Бабин Трап, Стогово, Барбара, Крчин. Момците кои таја ги водеше ја узнаха како девојка кога ѝ се скинаха петлиците од градите.


Сирма војвода е опеана во истоимената епска народна песна која први ја запишале Браќата Миладиновци.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Ковилоски, Славчо. „КНИЖЕВНОТО И ИСТОРИСКОТО ЗА СИРМА ВОЈВОДА“. Универзитет „Гоце Делчев“, Штип.

Надворешни врски

уреди