Александра Волканоска

Александра Волканоска (моминско: Ставрева; 26 октомври 1904 во Истанбул4 септември 1988 во Охрид) — македонски физиолог и универзитетски професор.[1]

Александра Волканоска
Родена Александра Волканоска
26 октомври 1904
Истанбул, Отоманско Царство
Починала 4 септември 1988(1988-09-04) (возр. 83)
Охрид, СФРЈ СФР Југославија
Националност Македонка
Занимање физиолог

ЖивотописУреди

Дипломирала на Медицинскиот факултет при Белградскиот универзитет во 1933 година.

Работела како практичен лекар и како асистент на Медицинскиот факултет во Белград.

Академската кариера до редовен професор ја продолжува на Институтот за физиологија при Медицинскиот факултет во Скопје во 1949 година, посветувајќи се на работата со студентите и обуката на кадарот.

НаводиУреди

  1. Ристовски, Блаже, ed. (2009). "Волкашин". Македонска енциклопедија. , книга I (А-Љ). Скопје: МАНУ. стр. стр. 307.