Савка Тодоровска

македонска активистка

Савка Тодоровска (9 август 1943 во Велес) — македонска активистка и борец за женски права.[1]

Савка Тодоровска
Родена 9 август 1943(1943-08-09)(81 г.)
Велес, Бугарска окупација
Националност Македонка
Позната основач на првата организација на жените на град Скопје во 1991 година
Занимање активистка

Биографија

уреди

Савка Тодоровска првото вработување го остварила во хемиската индустрија, во фабриката Рудници и Железарници Скопје (10 години), а потоа 20 години била новинар во печатен и електронски медиум „Металург“. Основач е на првата организација на жени на град Скопје во 1991 година од осамостојувањето на Република Македонија, основач и претседател на НВО Сојуз на жени на Република Македонија (12 години), првата СОС линија за жени и деца жртви на насилство во 1994 година.

Во моментов е претседател на НВО Национален совет за родова рамноправност (бесплатна СОС мобилна линија за жртви на насилство). Иницијатор е за формирање на првата мрежа на граѓански женски организаци - СОЖМ, на регионално ниво - членка на регионално женско лоби за мир, членка на WAVE. Многубројни се нејзините активности во општествениот живот на Републиа Македонија, таа е еден од заложниците за воведување на квоти за жените во изборниот законик. Долги години спроведува активности за подигање на свеста на жените, нивна едукација, економско зајакнување, поттикнување на женското претприемништво, особено на жените од руралните средини и ранливите категории. НСРР каде што е претседател има издадено повеќе публикации и учествувано во многу проекти. Добитник е на повеќе награди и тоа: Награда во областа на општствените и хуманитарни активности, од страна на град Скопје,- 1998 година, Мајка Тереза - 2013 година, Награда за човекови права - 2014 година од страна на Амбасадата на Франција, по повод 10 декември - Ден на човековите права.

Наводи

уреди