Лилјана Зенделска

македонска оперска певица

Лилјана Зенделска (1 октомври 1947 во Штип) — македонска оперска и концертна певица, сопран и првенка на Операта на Македонскиот народен театар.[1]

Лилјана Зенделска
Родена 1 октомври 1947
Штип, СФРЈ СФР Југославија
Националност Македонка
Занимање оперска певица

Животопис

уреди

Дипломирала на Факултетот за музичка уметност во Скопје во 1973 година кај професорот К. Трпков. Таа е член на солистичкиот состав на Операта на МНТ од 1975 до 2005 година и носител на драмскиот и младодрамскиот сопрански фах со позначајни остварувања:

  • Аида;
  • Леонора (Трубадур);
  • Тоска;
  • Амелија (Бал од маски)
  • Сантура (Кавалерија рустикана);
  • Мими (Боеми);
  • Чо-Чо Сан (Мадам Бетефлај)
  • Ѓула (Еро од оној свет);
  • Маргарита (Фауст);
  • Марженка (Продадена невеста);
  • Грозда (Б. Трајков, Бразда).

Гостувала во Канада, Полска, Италија, Турција Чешка.

Наводи

уреди
  1. Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Зија“. Македонска енциклопедија. , книга I (А-Љ). Скопје: МАНУ. стр. 571. Text "series " ignored (help)