Златанка Белазелкоска
Златанка Белазелкоска (моминско: Кирилова; р. 26 март 1948 во Скопје) — македонски специјалист по болести на устата и пародонтот и универзитетски професор на Стоматолошкиот факултет во Скопје.[1]
Златанка Белазелкоска | ||
Родена | Златанка Белазелкоска 26 март 1948 Скопје, СФР Југославија | |
---|---|---|
Националност | Македонка | |
Занимање | специјалист по болести на устата и пародонтот |
Животопис
уредиБелазелкоска е родена на 26 март 1948 година во Скопје, Македонија. Матурирала во 1968 година во Скопје, а на стоматолошкиот оддел при Медицинскиот факултет дипломирала во 1973 година. Звањето специјалист по болести на устата и забите го добила во 1977 година.
Магистрирала и докторирала на Стоматолошкиот факултет при Скопскиот универзитет во 1981 и 1989 година, соодветно.
На стоматолошкиот оддел при Медицинскиот факултет во Скопје, на Клиниката за болести на устата и парадонтот, се вработила во 1975 година. Во 1977 година била избрана во звањето помлад асистент по предметот болести на устата и пародонтот на Стоматолошкиот оддел при Медицинскиот факултет. Во 1979 година била избрана во звањето асистент на Катедрата за болести на устата и пародонтот при Стоматолошкиот факултет во Скопје и уште трипати била преизбирана во истото звање. Во звањето доцент на истата Катедра била избрана во 1990 г. Изборот во звањето вонреден професор на д-р Златанка Белазелкоска бил извршен во 1995 г. За редовен професор били избрана 2000 година, а реизбрана во истото звање во 2005 година.
Издала над 120 статии, објавени во домашни и во странски публикации. Автор е на учебникот „Орална патологија“. Ја истражувала улогата на ензимите во етиопатогенезата на прогресивната пародонтопатија.
Проф. д-р Златанка Белазелкоска е активно вклучена во дејноста на Стоматолошкиот факултет и на стоматолошките клиники. Во неколку изборни периоди била избирана за секретар на Кадровскиот одбор при Наставно-научниот совет на Факултетот, од 1992 наваму. Проф. д-р Златанка Белазелковска била и раководител на Катедрата за болести на устата и пародонтот како и на Клиниката за болести на устата и пародонтот при Универзитетскиот стоматолошки клинички центар во Скопје.
Добитник е на повеќе награди и признанија.[2]
Наводи
уреди- ↑ Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Беласичка“. Македонска енциклопедија. , книга I (А-Љ). Скопје: МАНУ. стр. 141. Text "series " ignored (help)
- ↑ „Проф. д-р Белазелкоска Златанка – Стоматолошки факултет – Скопје“. Архивирано од изворникот на 2019-09-15. Посетено на 2020-10-01.