Васка Дуганова

Македонски политичар и борец во НОВ.

Васка Танева Дуганова (6 март 1922 во Гевгелија14 декември 1996 во Скопје) — македонски комунистички деец, првоборец, правник, политичар и носител на Партизанска споменица 1941.[1][2]

Васка Дуганова
Родена 6 март 1922
Гевгелија, Кралство СХС
Починала 14 декември 1996(1996-12-14) (возр. 74)
Скопје, Македонија
Националност Македонка
Занимање комунистички деец, првоборец, правник, политичар

Животопис

уреди

Таа била тутунова работничка. Му припаѓала на напредното младинско движење уште пред Војната. Во октомври 1941 година била кандидат на КПЈ. Собирала народна помош, растурала илегален материјал и била курир на МК КПЈ - Гевrелија и ПК КПЈ. Имала голем успех во опфаќањето на младинците во НОД.[2]

 
Васка Дуганова е носител на Партизанската споменица 1941.

Како приправник на комунистичкото движење во 1938 година и член на КПЈ (од март 1942 година), во НОАВМ била борец од април 1943[1] година во партизанскиот одред „Сава Михајлов“. Била политички комесар на баталјонот „Страшо Пинџур“, а потоа ѝ во Втората македонска ударна бригада. Била комесар на баталјон на Четвртата македонска ударна бригада.[2] Станала член на ПК на СКОЈ за Македонија (од август 1944 година). По ослободувањето била член на АСНОМ (од април 1945 година), завршила правен факултет и извршувала разни политички функции: организационен секретар на ПК на СКОЈ за Македонија, член на Претседателството на Централниот совет на ССМ (1958-1967 година), претседател на Социјално-здравствениот совет на СРМ, претседател на Конференцијата за општествена активност за жените на Македонија и на Југославија. Член на ЦК на СКМ и ЦК на СКЈ, пратеник во Републичкото и Сојузното собрание, претседател на Претседателството на РК на ССРМ и друго. Носител е на Партизанска споменица (1941 година) и на повеќе други одликувања.[1]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Дузме“. Македонска енциклопедија. , книга I (А-Љ). Скопје: МАНУ. стр. 497. Text "series " ignored (help)
  2. 2,0 2,1 2,2 Весковиќ-Вангели, д-р. Вера; Јовановиќ, Марија (1976). Жените на Македонија во НОВ 1941-1945. Скопје: Институт за Национална Историја. стр. 1054.

Литература

уреди

Надворешни врски

уреди