Смилја Конеска

македонска физичарка и универзитетска професорка

Смилја Конеска (8 јануари 1931 во Прилеп) — македонска физичарка и универзитетска професорка на Природно-математичкиот факултет во Скопје.[1]

Смилја Конеска
Родена 8 јануари 1931(1931-01-08)(93 г.)
Прилеп, СФРЈ СФР Југославија
Националност Македонка
Занимање физичар, универзитетска професорка

Животопис

уреди

Дипломирала (1954) на Филозофскиот факултет на Групата за физика. Магистрирала на ПМФ во Загреб од областа на јадрената физика. Докторирала (1979) на ПМФ со „Термодилатациона студија на легури на антимон и цинк“. Специјализирала во Трст и во Копенхаген. Го вовела предметот „јадрена физика“ на ПМФ, подготвила лабораториски практикум за него и учебник („Јадрена физика“, со Д. Гершановски, 1998). Објавувала во Македонија и во странство главно за својствата на легурите. Била декан на Факултетот за физика (1981-83).

Наводи

уреди
  1. Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Конески“. Македонска енциклопедија. , книга II (М-Ш). Скопје: МАНУ. стр. 725. Text "series " ignored (help)