Стела Слејанска-Стојаноска

Стела Слејанска - Стојаноска (12 декември 1944Скопје, 13 август 2013) била истакната македонска пијанистка, професор на Факултетот за музичка уметност во Скопје и еден од основачите на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип.

Стела Слејанска - Стојаноска
Родена 12 декември 1944
Штип
Починала 13 август 2013
Скопје, Македонија Македонија
Занимање пијанист, професор и публицист

Животопис

уреди

Стојаноска родена во 1944 година во Штип. Високата музичка наобразба ја стекнала најпрво во Загреб, а потоа во Париз на École Normale Supérieure каде што студирала во класата на Жан Бланкар, а подоцна и магистрирала. Вторпат магистрирала на Факултетот за музичка уметност во Скопје, под менторство на професорот Бранко Цветковиќ.

Уште со првите настапи во почетокот на 70-тите години на минатиот век, Слејанска го привлекла вниманието на музичката јавност и критиката во Македонија и во странство. Оттогаш, па до денес нејзиното име било постојано присутно на домашната и европската музичка сцена, но и на музичките сцени надвор од Европа, а често била нарекувана и „пропагатор на современиот звук“. Од 1995 година била член на францускиот квартет за современа музика „Туше“, кој постигнал многубројни успеси.

Дострелите на Стела Слејанска на полето на концертната дејност се документирани и како тонски записи во рамките на музичките продукции на голем број национални радија и телевизии низ Европа и светот, а во 2001 година, по иницијатива на Сојузот на музичките уметници на Македонија, излегол и нејзин самостоен компакт-диск издаден од МРТВ.

По враќањето од Франција во 1973 година, работела како стручен соработник, а потоа и како предавач на Педагошката академија „Св. Климент Охридски“ во Скопје. Две години подоцна започнува да го предава предметот пијано на Факултетот за музичка уметност во Скопје. Оформи голем број млади музичари кои се високо ценети како педагози, музички соработници и наградувани репродуктивни уметници. Стела Слејанска-Стојаноска се потврдила и како публицист со свои согледувања од областа на пијанизмот, а поголем број нејзини теориски трудови се објавени во реномирани списанија. Таа беше член на Европското друштво за култура со седиште во Венеција и на асоцијацијата Музиката и уметноста во Европа - Париз. За своите достигнувања во сферата на репродуктивната уметност таа беше наградувана со повеќе домашни и меѓународни награди и признанија, а во 2006 година го добила и Орденот за заслуги од областа на културата од претседателот на Франција „Витез од редот на академските палми“. Починала во Скопје на 13 август 2013 година.[1]

Наводи

уреди
  1. ПОЧИНА ИСТАКНАТАТА ПИЈАНИСТКА И ПРОФЕСОР СТЕЛА СЛЕЈАНСКА-СТОЈАНОСКА; -13.08.2013, 15:45“. Архивирано од изворникот на 2013-08-16. Посетено на 2013-08-15.