Љубинка Маленкова

македонска архитектка

Љубинка Маленкова (13 ноември 1927 во Охрид) — македонска архитектка.[1]

Љубинка Маленкова
Родена 13 ноември 1927
Охрид, Кралство Југославија
Занимање архитект

Животопис

уреди

Дипломирала на Архитектонскиот факултет на Техничката велика школа во Белград (1951). Како проектант работела во проектантското претпријатие „Проектант“ и во ГП „Пелагонија“ во Скопје. Проектирала и реализирала разновидни објекти - станбени, општествени, здравствени и туристичко-угостителски. Се занимавала и со урбанистичко планирање. Позначајни реализации: освен бројните станбени објекти, поштите во Прилеп (1973), во Тетово (1977), во Куманово (1978), во Струмица (1981), во Кочани (1982); хотели во Кочани (1957), во Ново Село, во Штип (1955), во Дојран (1959); Театарот на народностите во Скопје (1974) и Урбанистичко решение за центарот на Кочани.

Наводи

уреди
  1. Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Малевски“. Македонска енциклопедија. , книга II (М-Ш). Скопје: МАНУ. стр. 902. Text "series " ignored (help)