Теута Арифи
Теута Арифи (албански: Teuta Arifi, Тетово, 19 октомври 1969) — македонска политичарка, универзитетски професор, пратеник,[1] и поранешен градоначалник на Општина Тетово.
Теута Арифи | |
---|---|
Градоначалник на Општина Тетово | |
На должноста 2013 – 2021 | |
Претходник | Сади Беџети |
Наследник | Билал Касами |
Министер за евроинтеграции | |
На должноста 28 јули 2011 – 18 февруари 2013 | |
Претседател | Никола Груевски |
Претходник | Васко Наумовски |
Наследник | Фатмир Бесими |
Лични податоци | |
Роден(а) | 19 октомври 1969 Тетово, СР Македонија, СФРЈ |
Националност | Албанка |
Партија | ДУИ |
Установа | Универзитет во Приштина |
Професија | Доктор по филолошки науки |
Вероисповед | ислам |
Животопис
уредиАрифи е родена во Тетово на 19 октомври 1969 година. Основното и средното образование ги завршила во Тетово. Дипломирала на Групата за албански јазик и книжевност на Филолошкиот факултет во Приштина. Магистрирала на Филозофскиот факултет во Скопје. Докторирала на тема „Ликот на жената во албанската книжевност“ на Филолошкиот факултет во Скопје. Работела како доцент по предметот Албанска книжевност на Катедрата за албански јазик и книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Еден период работела како новинар-дописник на Дојче веле. Ангажирана е како професор по Албанска книжевност на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово. Таа е потпретседателка на ДУИ и пратеник во Собранието на Македонија.
По парламентарните избори во 2011 година била поставена за министер за евроинтеграции. На 15 февруари 2013 година поднела оставка од оваа позиција поради својата кандидатура за градоначалник на Општина Тетово.[2] На локалните избори 2013 година го победила својот противкандидат од редовите на ДПА, Сади Беџети со 6.100 гласови разлика.[3]
Библиографија
уреди- „Gjeografia ime“ (Мојата географија), поезија, 1996;
- „Егзистенцијален феминизам“, 1997;
- „Жената во современите трендови во Македонија“, студии, 1997;
- „Седум магични денови“, раскази, 1998.
Наводи
уреди- ↑ „Теута Арифи“. Собрание на Република Македонија. Посетено на 2009-10-30.
- ↑ „Теута Арифи си поднесе оставка - ќе се трка за Тетово“. Дневник. 15 февруари 2013. Архивирано од изворникот на 2013-02-17. Посетено на 24 мај 2013.
- ↑ „ДУИ: Теута Арифи нова градоначалничка на Тетово“. Сител. 7 април 2013. Архивирано од изворникот на 2013-04-11. Посетено на 24 мај 2013.