Отвори го главното мени

Дивна Ристова Лакинска (Тетово, 1 ноември 1941) е македонски андрагог.

БиографијаУреди

Лакинска е родена во Тетово на 1 ноември 1941 година. Дипломирала на Филозофскиот факултет во Скопје (1966). Магистрирала на Филозофскиот факултет во Белград (1983), каде што и докторирала (1989). Работела како средношколски професор, а од 1971 година е професор на Вишата школа за социјални работници, подоцна Институт за социјална работа и социјална политика при Филозофскиот факултет во Скопје, каде што е редовен професор (од 2005). Ги предавала предметите: педагогија, општа андрагогија, социјална андрагогија, геронтологија и др. Во повеќе наврати била раководител на Институтот за социјална работа и социјална политика.[1] Член е на раководни тела на повеќе меѓународни асоцијации и институции. Носител и координатор е на голем број домашни и меѓународни истражувачки проекти од областа на социјалната политика и социјалната заштита на различни социјално загрозени категории на лица. Автор е на 60 труда од областа на образованието и социјалната работа.[2]

БиблиографијаУреди

  • Семејството и образованието, 1987;
  • Државна стратегија за социјален развој на Република Македонија (Country Policy Paper of the Republic of Macedonia), 1997;
  • Загрозеноста на ромските деца во Општината Шуто Оризари (Vulnerability of Roma children in the municipaty of Shuto Orizari), УНИЦЕФ, 2000.

НаводиУреди

  1. „ПОРЕД ИСТРАЖУВАЊАТА НА ИНСТИТУТОТ ЗА СОЦИЈАЛНА РАБОТА На улица живеат повеќе од 1.000 деца“ (македонски). 23 ноември 2005. конс. 2009-10-19. 
  2. Филозофски факултет во Скопје: 1920–1946–2006, Скопје, 2006, 252.