Огњанка Поповска-Станковиќ

Огњанка Поповска-Станковиќ (р. 1926 во Куманово) — македонски биолог и истражувач од областа на лимнологијата и потамологијата.

Огњанка Поповска-Станковиќ
Родена 1926
Куманово, Кралство Југославија
Националност Македонка
Занимање биолог

Животопис

уреди

Родена е во 1926 година во Куманово. Основното образование го завршила во родното место, а додека пак гимназиско образование завршила во Скопје. Се запишала на Филозофскиот факултет (група биологија) и студиите ги завршила во 1952 година.

Станковиќ работела како наставник односно професор по биологија во периодот 1950-1953 година. Во 1960 година го стекнува звањето виш стручен соработник и е вработена во Заводот за рибарство во Скопје. Докторската дисертација ја одбранила во 1965 година, а додека пак во 1971 година е избрана во виш научен соработник, а во 1977 во виш научен советник.

Од 1977 до 1983 година е директорка на Природонаучниот музеј во Скопје, а потоа заминува во пензија.

Објавила педесетина научни трудови од областа на лимнологијата и потамологијата.[1]

Наводи

уреди
  1. Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Поповска-Шаревска“. Македонска енциклопедија. , книга II (М-Ш). Скопје: МАНУ. стр. 1191. Text "series " ignored (help)