Нина Чундева
Нина Чундева (12 април 1936 во Бендер — 12 јуни 2023 во Скопје) — македонски филолог, русист и универзитетска професорка на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје на катедрата за славистика.[1]
Нина Чундева | ||
Родена | 12 април 1936 Бендер, Молдавија | |
---|---|---|
Починала | 12 јуни 2023 Скопје, Македонија | (возр. 87)|
Националност | Македонка | |
Позната | русист, славист | |
Занимање | филолог, универзитетска професорка |
Животопис
уредиЧундева на Филолошкиот факултет била најпрвин лектор, а на крај стигнала до звањето редовна професорка.
Автор е на повеќе десетици статии од областа на русистиката и славистиката. Докторирала на темата „Русизмите во македонскиот литературен јазик“, која најпрвин не била објавена. Соавтор е на руско-македонскиот речник од 1997 година.
Докторската теза била објавена како посебна книга во 2017 година.[2]
Награди
уредиПрофесорката го има добиено медалот „Пушкин“ за трајни вредности во образованието и руската култура, високо државно одликување на Руската Федерација за странски државјани. Медалот го доделува претседателот на Русија, а професорката Чундева го добила од страна на рускиот амбасадор во Македонија на самата промоција на книгата „Русизмите во македонскиот литературен јазик“.[2]
Наводи
уреди- ↑ Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Чундева“. Македонска енциклопедија. , книга . Скопје: МАНУ. стр. 1631. Text "series " ignored (help)
- ↑ 2,0 2,1 „Промоција на книгата „Русизмите во македонскиот литературен јазик" на професорката Нина Чундева - НУБ „Св. Климент Охридски" - Скопје“. nubsk.edu.mk. Посетено на 2023-01-15.