Слободанка Георгиевска

македонска математичарка и универзитетска професорка од 1998 година

Слободанка Георгиевска (моминско: Стојанова; р. 17 ноември 1944 во Скопје) — македонска математичарка и универзитетска професорка од 1998 година.

Слободанка Георгиевска
Родена Слободанка Стојанова
17 ноември 1944(1944-11-17)(80 г.)
Скопје, СФРЈ СФР Југославија
Националност Македонка
Занимање математичар

Животопис

уреди

Дипломирала на Природно-математичкиот факултет во Скопје во 1966 година, магистрирала исто така на ПМФ во Скопје во 1976 година, а докторирала во 1992 година на ПМФ со темата „Дветочкини контурни проблеми при обичните диференцијални равенки”. Објавила научни трудови во областа на диференцијалните равенки. Била соавтор на неколку учебници за студенти и била продекан на Математичкиот факултет (1982-1984) и на Градежниот факултет (1997-1999). Од 1998 година била редовен професор на Градежниот факултет.[1]

Наводи

уреди
  1. Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Георгиевска“. Македонска енциклопедија. , книга I (А-Љ). Скопје: МАНУ. стр. 348. Text "series " ignored (help)