Орхидеја Групче
Орхидеја Групче (28 јули 1951, во Скопје — .[1]
Орхидеја Групче | ||
Родена | Орхидеја Групче 28 јули 1951 Скопје, административен регион, Република Северна Македонија. | |
---|---|---|
Позната | Професор по хемија на ПМФ, Институт по хемија |
Животопис
уредиПо завршувањето на средното образование, во 1969/70 г. се запишала на студии по применета хемија на Природно-математичкиот факултет во Скопје. Дипломирала во 1974 г. на Заводот за физичка хемија на Хемискиот институт, под менторство на проф. д-р Иван Петров како најдобар студент на генерацијата. Во 1974/75 г. се запишала на постдипломски студии на Хемискиот институт при Природно-математичкиот факултет во Скопје, насока молекулска спектроскопија. Магистрирала во 1982 г. на Хемискиот факултет во Скопје, бранејќи го трудот "Инфрацрвени спектри на некои тиоамиди и тиоимиди„ (ментор бил проф. д-р Иван Петров). Во 1988 и 1989 г. неколкупати била на куси студиски престои во Загреб, каде се усовршувала на подрачјето на рендген-структурната анализа. Докторската дисертација под наслов "Структурни испитувања на тиосахарин на некои метални тиосахаринати, како и на бипиридинските комплекси на сахарин со преодни метали„ ја изработила под менторство на проф. д-р Глигор Јовановски и ја одбранила во 1994 г. на Природно-математичкиот факултет во Скопје. Од 1974 до 1982 г. била помлад асистент на Природно-математичкиот и на Хемискиот факултет во Скопје. За асистент е избрана во 1982 г. и неколкупати е преизбирана во ова звање. Од 1995 г. е доцент на Заводот за аналитичка хемија, во 1999 г. за вонреден професор а во 2005 г. за редовен професор. Како асистент ги водела вежебите по следниве предмети: аналитичка хемија, инструментална анализа, техничка анализа, хемија и околина и хемија на комплексни соединенија. Како наставник задолжена е со изведување настава по аналитичка хемија за студентите на двопредметните студии по биологија-хемија, а од 2006 г. ја изведува и наставата по предметот инструментална хемија на студиите по биологија, биохемиско-физиолошка насока. Во периодот 1999-2001 и 2005-2006 е раководител на Заводот за аналитичка хемија, а од 2001-2005 е шеф на Институтот за хемија, во два мандата. Главно подрачје на научен интерес е молекулска спектроскопија, а во последните години почнува да се занимава и со археометрија. Објавила вкупно 39 труда, од кои 30 печатени трудови во меѓународни списанија со impactfactor, 4 печатени трудови во национално списание од РМ и 5 во зборници на трудови во Македонија. Има 32 презентирани трудови (усно или постерски) на научни манифестации во странство, а исто толку и на домашната јавност, од кои едно секциско предавање. Според ScienceCitationIndex, објавените резултати од научната работа на професор Групче се цитирани 304 пати. Претседател е на Научен/Организационен одбор на Студентскиот конгрес по хемија, во 1999 г. Учествува во организацијата на Научен/Организационен одбор како член на 6 научни конференции.Уредник е на 2 зборници на трудови од научни конференции. Раководител е на 4 научноистражувачки проекти, од кои еден меѓународен (COST-G8). Како член учествувала во 7 домашни и еден меѓународен проект. Член е и на меѓународен проект за унапредување на образованието - Tuning. Во рамките на соработката со странски институции, имала три неделен престој на KingsCollege, Лондон во 1986 г., двомесечен престој на Природословно-математичкиот факултет во Загреб во 1989 г. и тринеделен престој во 1990 г. и едномесечен престој на Онгстрем лабораторијата во Упсала, Шведска во 1998. Член е на СХТМ, Internationalunion of Crystallography, International Chemistry Thematic Network.
Наводи
уреди- ↑ „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2015-05-20. Посетено на 2019-10-16.