Веселинка Малинска

Веселинка Малинска (Куманово, 4 јануари 1917Скопје, 12 ноември 1987) — македонска комунистка, учесничка во НОВ и вршител на политички функции по ослободувањето. Носител е на Партизанска споменица 1941.

Веселинка Малинска
Родена 4 јануари, 1917 година
Куманово
Починала 12 ноември, 1987 година
Скопје

Животопис уреди

Како член на СКОЈ (1933) и секретар на скоевски актив (1934), била уапсена (јануари-февруари 1936) и спроведена во истражниот затвор во Скопје и во Ада Циганлија (Белград). Ја завршила Трговската академија во Ниш. Како член на КПЈ (1936) и студент на Високата економско-комерцијална школа во Загреб, била истакнат активист во кумановското студентско друштво (во летото 1937) и била избрана за член на МК на КПЈ во Куманово. Подоцна студирала во Белград (1939), каде што била секретар на Месниот одбор на Народната помош (1940-1941).

 
Споменик на Првото заседание на АСНОМ во Скопје. Помеѓу останатите, претставена е и Веселинка Малинска[1]

По Априлската војна била главната курирска врска на Покраинскиот комитет на КПЈ за Србија и ЦК на КПЈ со Белградскиот партизански одред и со партиските организации во Србија. Во отсуство била осудена на смрт (април 1942). Потоа се вратила во Македонија (мај 1942) и била секретар на Месниот комитетна КПЈ во Скопје и уредник на неговото гласило „Весник“. Наскоро заминала како борец во Вториот скопски партизански одред (октомври 1942 — јануари 1943), а потоа се илегализирала кај јатаци на Скопска Црна Гора, од каде што заминала (20 мај 1943) на планината Караорман за секретар на Агитпроп при Главниот штаб на НОВ и ПОМ. Била кандидат за член на ЦК на КПМ (1943-1945), избран делегат на АВНОЈ, член на Главниот одбор на НОФ, одговорен уредник на списанието „Илинденски пат“ (од април 1944), делегат и втор секретар на работното Претседателство на Првото заседание на АСНОМ, референт на Поверенството за информации (од 14 август 1944) и уредник на списанието „Македонка“ (од ноември 1944).

По Ослободувањето била секретар на Главниот одбор на АФЖ за Македонија (од 15 декември 1944), ја завршила Вишата политичка школа „Ѓуро Ѓаковиќ“ во Белград, била главен и одговорен уредник на весникот „Нова Македонија“, директор на Радио Скопје (од 1 април 1952 до 25 ноември 1961), претседател на Здружението на новинарите на Македонија, потпретседател на Главниот одбор на ССРНМ, член на Извршниот совет на Собранието на СРМ (од 1963 и 1965 година), републички и сојузен пратеник, член на Претседателството на ЦК на СКМ, претседател на Универзитетскиот совет на Универзитетот „Кирил и Методиј“ во Скопје и член на Претседателството на СРМ.[2]

Статии уреди

Наводи уреди

  1. Споменик на Првото заседание на АСНОМ, Скопје 2014 под лупа, Призма
  2. Македонска енциклопедија, МАНУ, Скопје, 2009, том 2, стр. 906.

Литература уреди

Надворешни врски уреди