Ана Липша-Тофовиќ
Ана Липша-Тофовиќ (хрватски: Ana Lipša - Tofović; Сисак, Хрватска, 23 август 1926 – Скопје, 3 септември 2012) била видна хрватска и македонска оперска певица.
Ана Липша - Тофовиќ Ana Lipša - Tofović | ||
Родена | 23 август 1926 Сисак, Кралство Југославија, денес Хрватска | |
---|---|---|
Починала | 3 септември 2012 Скопје, Македонија | |
Занимање | оперска пејачка |
Животопис
уредиЛипша-Тофовиќ е родена во хрватскиот град Сисак на 23 август 1926 година. Таа на 4 август 1961 година влегла во историјата на македонската култура со концертот одржан во црквата „Света Софија“, со што било означено раѓањето на манифестацијата „Охридско лето“. Починала на 3 септември 2012 година на 86 години во Скопје.[1] Нејзин сопруг бил професор Петар - Пјер Тофовиќ виден македонски неврохирург и маркантна личност во повоената македонска култура. Од многуте награди што ги има добиено, таа е двапати добитник на наградата „11 октомври“ за улогата на Орфеј во операта на Глук и за животно дело.
Се гордеам што прва запеав во овој свет храм и што го дадов својот придонес во културната историја на Македонија. Охридското лето стана дом на културата за што сонувавме пред 50 години...
— Липша-Тофовиќ, по повод 50 години „Охридско Лето“[2]
Наводи
уреди- ↑ „Почина оперската првенка Ана Липша Тофовиќ“. Сител. Посетено на 2012-09-04. На
|first=
му недостасува|last=
(help) - ↑ „Долгогодишната првенка на скопската опера и основоположник на најголемата културна манифестација во Македонија, Ана Липша Тофовиќ почина во понеделникот во Скопје на 86-годишна возраст“. макфакс. 4 септември 2012. Архивирано од изворникот на 2012-09-07. Посетено на 2012-09-04.