Рисима Рисимкин
Рисима Матевска Рисимкин (р. 25 октомври 1963) — македонска балерина и кореограф.[1]
Животопис
уредиРисимкин е еднa од водечките македонски кореографки и уметничка директорка на „Танц Фест Скопје“ и Скопскиот танцов театар, првата официјална компанија за современ танц во Македонија. Таа е редовен професор на Катедрата за современ танц, при Филмската академија на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, каде што е и декан од ноември 2020 година.
Рисимкин докторира на државниот универзитет „Кирил и Методиј“ во Скопје на тема „Компаративна поетика на современите танцови стилови во Европа во 20 век“, каде се стекнува со титулата Доктор на филолошки науки, а магистрира на Универзитетот во Пловдив, Бугарија, на Академијата за музичка и танцова уметност (АМТИ) на отсек за кореографија, балетска режија и педагогија, со звање балет-мајстор.
Рисимкин е основач на Катедрата за современ танц при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, која произлегува од нејзината соработка со една од најдобрите светски академии за современ танц – Ротердамската академија за современ танц, дел од универзитетот КОДАРТС во Холандија. Оваа високообразовна програма започнува со работа во земјава во 2010 година, на универзитетот за аудио-визуелни уметности ЕСРА Парис-Скопје-Њујорк, а од 2017 година е во рамките на УГД, како единствена академија за создавање на современи танчери, не само во нашата земја туку и во целиот регион.
Како професор за современ танц, импровизација и композиција и кореографија, Рисимкин предава на Универзитетот Антон Брукнер од Линц, Австрија (2019), Универзитетот Минзу и Пекиншката академија за современ танц во Пекинг, Кина (2016; 2017; 2018 и 2019), Академијата за изведувачки уметности во Братислава, Словачка (2016ч 2017 и 2018), „Holland Dance Festival“, Хаг, Холандија (2018) и на Бродвеј, Њујорк (2018), Летен камп за современ танц во Кина во 2015 – Шангси, Сиан и во 2016 во Јунан и Гуангдунг.
Рисимкин е автор на повеќе трудови за современиот танц и теорија на танцот – „Компаративна поетика на современите танцови стилови во Европа – 20 век“ – докторски труд, „Историја на современиот танц – 20 век“, „Теорија на танцот“, како и уредник на повеќе книги за танц, како „Волшебниот свет на танцот“, „На крилјата на танцот“, „Патот на промените“, „Скопје танцова академија“, „Нов танцов театар“ а преку Интерарт центарот, се јавува како издавач на книгата поддржана од УНЕСКО „Уметноста на танцот“.
Во периодот од 2005 – 2013 година, Рисимкин е член на Управниот одбор на ЦИД УНЕСКО (Интернационален совет за танц, под покровителство на УНЕСКО), во Париз, Франција, во два последователни мандата. Во сезоната 2012-2103 година, Рисимкин е уметнички директор на Националниот балет на Анталија, Турција.
Оснивач е на Интерарт културниот центар (1996) преку чии активности ја развива македонската современа танцова сцена. Се вбројува меѓу најплодните современи македонски кореографи, како авангарден претставник во современото творење. Ја претставува активно Македонија на меѓународната современа танцова сцена со свои претстави, за кои добива одлични критики. Добитник е на повеќе награди, меѓу кои и Награда за исклучителен придонес за развој на културата во Република Македонија.
Рисима Рисимкин ја претставува Македонија како кореограф во Aркус, Данска (1993); Лајпциг, Келн и Диселдорф, Германија (1998, 2010, 2012); Солун, Грција – Европска Културна Претстолнина (1998); Лисабон, Португалија – EКСПO – Национален ден на Македонија (1998); Нијамеј, Нигер(2005); Санвинченто, Хрватска (2011); Белград, Србија (1997); Варна, Софија и Бургас, Бугарија (1995, 1997, 1998); Подгорица, Црна Гора (1998), Лондон, Велика Британија (2012), Ротердам, Амстердам и Хаг, Холандија (2010, 2013, 2017 и 2018); Пекинг, Кина (2015, 2016, 2017 и 2018), Љубљана, Словенија (2017 и 2018), Њујорк, САД (2018). Претставата „Идентитети – Историја на еден растегнат сон“ која ја подготви со Скопје танцовиот театар, а со која одбележа 30 години короеграфско творештво во рамките на фестивалот „Охридско лето“ 2020 година, е поканета да гостува во еден од најпрестижните светски театар за современ танц, Националниот театар „Шајо“ во Париз, Франција, што ќе претставува прво гостување во овој театар, на современ кореограф не само од нашава земја, туку и од целиот регион.
Во 2010 година Рисимкин работи како гостин-кореограф во Ротердам, Холандија и во Националниот балет Љубљана, Словенија. Во 2016 година работи како гостин-кореограф во „Nine Contemporary Dance Company“ од Пекинг, Кина и ја создава претставата “Р.Е.М. – Низа од соништа“, која во април 2017 година е на европска мини-турнеја и гостува на сцените во Скопје, Македонија; Љубљана, Словенија и Хаг, Холандија. Во март 2018 година, во Танцовиот театар во Љубљана, се изведува премиерно претставата „Орландина“ која Рисимкин ја подготви за легендарната словенечка современа танчерка Росана Хрибар, а нејзината кореографија „Котел“ во февруари 2018 година се изведе на престижниот „Holland Dance Festival“ во Хаг, Холандија; а во август истата година, на Свеченото затворање на фестивалот „Battery Dance Festival“ во Њујорк, САД. Во октомври 2018 година, настапи со кореографијата „Егзистирање“ на Меѓународниот фестивал за танц во Пекинг, Кина, со дел од студентите од Катедрата за современ танц, при УГД.
Нејзините претстави се оценети како “претстава- меѓник на македонската танцова историја” (Дневник Стравински 2004) или “Нова ера во македонскиот танц” (МЕМЕНТО 2002), а странската критика ја нарекува “Македонската Пина Бауш”.
Работно искуство
уреди- Улоги
- 2020 – Декан на Филмска академија – Катедра за современ танц при УГД 2019 – Професор-гостин на Универзитетот „Антон Брукнер“ во Линц, Австрија 2019 – Професор-гостин на Мајсторски работилници на Минзу универзитетот, Пeкинг, Кина 2017 & 2018 – Професор-гостин на Мајсторски работилници на Пекиншката академија за танц, Кина 2017 – Член на жири на Меѓународниот фестивал за танц, во Сиан, Кина 2017 – Професор-гостин на Мајсторски работилници на Меѓународниот фестивал за танц во Сиан, Кина 2017 – Професор-гостин на ХТФ (Музички и танцов факултет), Братислава, фестивал „Share“ 2017/денес – Професор на Државниот универзитет „Гоце Делчев“ во Штип 2016 – Член на Бордот на Танцова унија помеѓу Кина и централна и југоисточна Европа 2016 – Уметнички координатор и професор на Летен камп за современ танц, Јунан, Кина 2015 – Уметнички координатор и професор на Летен камп за современ танц, Шангси, Кина 2014/денес – Уметнички директор на Интернационалениот натпревар ДАНСЛАБ 2012/2013 – Уметнички директор на Националниот балет на Анталија, Турција 2011/денес – Уметнички директор на Скопје танцов театар 2010/2016 – Професор и уметнички директор на Skopje Dance Academy, ЕСРА Универзитет 2009/2016 – Професор по сценски движења, Универзитет ЕСРА Парис-Скопје-Њујорк 2009/2010/2011 – Уметнички координатор на Конферeнции за современ танц, Скопје 2009/денес – Претседател на Скопската секција на ЦИД УНЕСКО 2009/2013 – Член на Управниот одбор на ЦИД УНЕСКО, Париз, Франција 2005/2009 – Член на Управниот одбор на ЦИД УНЕСКО, Париз, Франција 2005 – Уметнички координатор на Регионален конгрес на ЦИД УНЕСКО – Охрид, Македонија 2005/денес – Уметнички директор на ТАНЦ ФЕСТ СКОПЈЕ 2003 – 2007 – Професор во МБУЦ – Балетски оддел 2004 – Уметнички координатор на прв Регионален конгрес на ЦИД УНЕСКО во Македонија, МАНУ, Скопје 2004/2005 – Делегат на ЦИД УНЕСКО за Македонија 2002/2004 – Претседател на Македонскиот центар за танц 2002 – Кореограф во балетот при МОБ 2001 – Раководител на Маркетинг службата во МОБ 2000 – Кореограф во балетот при МОБ 1999 – Продуцент на турнејата на Балетот на МОБ во Тајван 1999 – Продуцент на Мајските Оперски велчери – МОБ 1996 – 2004 Уметнички директор и проект менаџер на “Недела на Модерен балет“ во рамките на фестивалот Охридско лето 1996 – Оснивач на Интерарт културен центар 1980/1998 – Солист во МОБ - Балет
- Кореографии
- 2021 - „Меѓусвет (Убавите жени)“ – Скопје танцов театар 2020 – „Идентитети – Историја на еден растегнат сон“ – Скопје танцов театар, Охридско лето 2019 – „Бои“ – Скопје танцов театар 2019 – „Идентитети“ – Скопје танцов театар 2018 – „Анима“ – Скопје танцов театар 2018 – „Секвенци“ – Гуанџо, Кина 2018 – „Егзистирање“ – Скопје танцов театар, Танц Фест Скопје 2018 – „Орландина“ – Плесни театар Љубљана, Словенија 2017 – „Котел“ – Скопје танцов театар, Танц Фест Скопје 2016 – „Р.Е.М.“ – Nine Contemporary Dance Company,Пекинг, Кина 2015 – „СМС (сите мои слики)“ – Танц Фест Скопје 2014 – „О(тело)“ – Скопје танцов театар, Млад отворен тетатр, Скопје 2014 – „Градина на душите“ – Национален балет Косово 2013 – „Во рајските полиња“ – Скопје танцов театар, Амстердам, Холандија 2013 – „НАДЕЖ“ – Национален балет Анталија, Турција 2012 – „ОРЛАНДО“ – Скопје танцов театар 2012 – „Човек во ходникот“ – СТТ &ТКО, Келн, Германија, 2011 – „Меѓусвет“ – Скопје танцов театар 2010 – „Еднорог“ – Национален балет Љубљана, Словенија 2010 – „Третиот“ – муз. К. Џајковски – Ротердам танцова академија, Холандија 2009 – „Делови“ – муз. Благој Цанев 2008 – „Куќата на Алба“ – муз. Е.Фрилендер 2006 – „моцАРТ“ – муз. В.А.Моцарт, Музеј на град Скопје 2005 – „Дневник за нас“ – муз. Др. Маслин, Ниамеј, Нигер 2005 – „Дневник Дали“ – муз. Ј.С.Бах 2004 – „Танцови минијатури“ - муз. А. Пјацола, Скопје 2004 – „Дневник Стравински“ – муз. И. Стравински, со Македонска филхармонија 2003 – „Големиот прозорец“ – муз. М. Нечак, Музеј на град Скопје 2002 – „Мементо“ – Чифте Амам, Скопје 2001 – „Три лица“ – муз. Баланеску, фестивал Ристо Шишков, Струмица 1999 – „Болката“ – муз. Фолтин, МНТ, Скопје 1998 – „Дабова шума“ – муз. Влатко Стефановски, Охридско лето 1997 – „Свадба (мисли и слики)“ – муз. Г. Бреговиќ, Лајпциг, Германија 1997 – „Човек . . маж и жена“ – муз. Влатко Стефановски, Загреб, Хрватска 1996 – „Вакуум“ – муз. Влатко Стефановски, МОТ, Скопје 1994 – „Крвава Контесо, поведи ме вечерва дома“ – муз.Љ. Константинов, Архус, Данска 1994 – „Вител или како Смртта ја победи Кармен“ – Бизе/Шчедрин - МНТ 1993 – „Болеро“ – муз. М. Равел – Специјален проект на Скопско лето 1990 – „Џенис“ – муз.Џ. Џоплин – Фестивалска премиера на МОТ
Наводи
уреди- ↑ Македонска енциклопедија. II (I. изд.). Скопје: МАНУ. ISBN 978-608-203-024-2 Проверете ја вредноста
|isbn=
: checksum (help)..
Надворешни врски
уреди- Целосна биографија Архивирано на 11 април 2009 г.