Благојка Демниева-Кузмановска

македонска учителка

Благојка Демниева-Кузмановска ( 1920 во Велес1999 во Скопје) — македонска наставничка, комунистички деец и учесник во НОБ.[1][2][3]

Благојка Демниева-Кузмановска
Родена 1920
Велес, Кралство Југославија
Починала 1999(1999-00-00) (возр. 78–79)
Скопје, Македонија Македонија
Националност Македонка
Занимање наставничка, комунистички деец и борка

Животопис

уреди

Како студент на факултетот во Белград, била член на КПЈ (1940), МК на КПЈ и МК на СКОЈ во Велес (есента 1941 година).[2][3] Во декември 1941 била уапсена од бугарската полиција и по иследување од шест месеци е интернирана во Златоград, Бугарија до почетокот на 1943 година. Во Велес повторно е уапсена и интернирана во женскиот логор „Св. Никола“ кај Асеновград, Бугарија. По краток престој на слобода, пак била уапсена и интернирана во селото Вршец кај Белогратчик во Бугарија, во периодот од април до август 1944 година.[1] По ослободувањето веднаш се вклучила во НОАВМ. Била член на ОК на КПМ, на Првиот областен комитет на КПМ, Главниот одбор на АФЖ на Македонија, Главниот одбор на ССРНМ итн.[1][3]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Демографско“. Македонска енциклопедија. , книга I (А-Љ). Скопје: МАНУ. стр. 451. Text "series " ignored (help)
  2. 2,0 2,1 Личности од Македонија. Скопје: МИ-АН. 2002. стр. 90. ISBN 9989-613-28-1. На |first= му недостасува |last= (help)
  3. 3,0 3,1 3,2 д-р Стојан Киселиновски и др. (2000). Македонски историски речник. Скопје: ИНИ. стр. 152. ISBN 9989-624-46-1. Недостасува |author1= (help)