Љубица Донска
македонска сликарка
Љубица Донска (р. Накова; 1 септември 1931 во Штип) — прва повоена македонска сликарка од Источна Македонија. Била акварелист и пејзажист.[1]
Љубица Донска | ||
Родена | Љубица Донска 1 септември 1931 Штип, Кралство Југославија | |
---|---|---|
Националност | Македонка | |
Занимање | сликарка |
Животопис
уредиЗавршила ликовна насока на Вишата педагошка школа во класата на В. Коџоман.[1]
Целиот работен век го поминала како средношколски наставник по ликовно воспитание и директор на основно училиште.[1]
Основна преокупација во сликарството ѝ е акварелот, со мотиви од македонското поднебје, како што е старата градска архитектура и идилични пејзажи.[1]
Првата самостојна изложба ја организирала во 1957 година, а во текот на 50-годишниот активен сликарски период има приредено над 30 самостојни изложби во Македонија, но и во другите поранешни југословенски републики.[1]
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Доневски“. Македонска енциклопедија. , книга I (А-Љ). Скопје: МАНУ. стр. 482. Text "series " ignored (help)