Софија Тодорова
Софија Тодорова (родена на 11 декември 1947 година во Скопје) — македонска професорка и политичар.
Софија Тодорова | |
---|---|
Министер за развој | |
На должноста 5 септември 1992 – 20 декември 1994 | |
Премиер | Бранко Црвенковски |
Претходник | Гоце Петрески |
Наследник | Беќир Жута |
Министер за наука | |
На должноста 20 декември 1994 – 23 февруари 1996 | |
Премиер | Бранко Црвенковски |
Претходник | Аслан Селмани |
Наследник | Аслан Селмани |
Министер за образование | |
На должноста 23 февруари 1996 – 30 ноември 1998 | |
Премиер | Бранко Црвенковски |
Претходник | Емилија Симоска |
Наследник | Ненад Новковски |
Лични податоци | |
Роден(а) | 11 декември 1947 Скопје, Македонија |
Националност | Македонка |
Партија | СДСМ |
Установа | Економски факултет Правен факултет |
Животопис
уредиСофија Тодорова е родена на 11 декември 1947 година во Скопје. Во 1970 година дипломирала на Економскиот факултет во Скопје, а во 1977 година и на Економскиот факултет во Белград. Во периодот од 1976 до 2007 година била вработена на Павниот факултет во Скопје, како асистент, виш предавач, вонреден професор и редовен професор. Во периодот од 1989 до 1991 година била продекан на Правниот факултет во Скопје.
Освен тоа, таа извршувала и други функции како:
- Раководител на Институтот за правни и економски односи при Правниот факултет - Скопје (2003- );
- Член на Претседателството на Сојузот на синдикатите на Македонија (1986-1990);
- Претседател на Републичкиот општествен совет за стопански развој и економска политика при Собранието на Македонија (1989-1990);
- Член на Сојузниот општествен совет за стопански развој И економска политика при Собранието на СФРЈ (1989-1990);
- Претседател на Управниот одбор на Фондот за здравствено осигурување на Република Македонија (2002-2005)[1];
- Член на Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија (2005- )[2].
Политичка кариера
уредиВо Владата на Македонија од 1992 година ја извршувала функцијата Министер за развој, и тоа во периодот од 5 септември 1992 до 20 декември 1994година. Во Владата на Македонија од 1994 година ја извршувала функцијата Министер за наука, и тоа во периодот од 20 декември 1994 до 23 февруари 1996 година, а по реконатрукција на владата, во периодот од 23 февруари 1996 дп 30 ноември 1998 година ја извршувала функцијата Министер за образование.
Во периодот од 1998 до 2000 година, Тодорова била Амбасадор на Република Македонија во Кралството Шведска[3].
Наводи
уреди- ↑ „utrinski.com.mk“. Архивирано од изворникот на 2017-06-21. Посетено на 2017-05-30.
- ↑ „ippi.ukim.edu.mk“. Архивирано од изворникот на 2016-11-14. Посетено на 2017-05-30.
- ↑ Македонска енциклопедија, МАНУ, Скопие, 2009, том 2, стр. 1488
Политички функции | ||
---|---|---|
Претходник Гоце Петрески |
Министер за развој 5 септември 1992 - 20 декември 1994 |
Наследник Беќир Жута |
Претходник Аслан Селмани |
Министер за наука 20 декември 1994 - 23 февруари 1996 |
Наследник Аслан Селмани |
Претходник Емилија Симоска |
Министер за образование 23 февруари 1996 - 30 ноември 1998 |
Наследник Ненад Новковски |
Претходник ? |
Амбасадор на Македонија во Шведска 1998 - 2000 |
Наследник ? |