Љупка Апостолова
Љупка Апостолова (Гостивар, 10 јуни 1932 - Скопје, 26 јануари 2018) — македонски изведувач на забавни мелодии и водителка[1].
Животопис
уредиАпостолова е родена во Гостивар на 10 јуни 1932 година. Потекнува од музичко семејство. Апсолвирала на Медицинскиот факултет, а дипломирала на Филолошкиот факултет во Скопје. Станала вокален солист на Ритмичкиот секстет во 1953 година, кој професионално ги постави основите на македонската забавна музика. Со Секстетот двапати неделно настапувала во живо на јавни настапи и во Концертното студио на Радио Скопје. Снимила голем број магнетофонски записи со забавни мелодии. Професионалната спикерска кариера ја започнала во 1960 година. До пензионирањето работела и како педагог со младите спикери. Починала во Скопје на 26 јануари 2018 година.[2]
Наводи
уреди- ↑ Тодоровска, Елена. „СПОМЕНИ ЗА НЕКОГАШНАТА СКОПСКА КАФЕАНА Во „Кермес" ги отпеав најубавите песни“. Дневник. Посетено на 2010-05-12.
- ↑ Почина Љупка Апостолова, доајен на македонското спикерство[мртва врска]
Надворешни врски
уреди- Семејство за четири гласови Архивирано на 4 март 2016 г. - репортажа на вест за семејството Апостолови