Катерина Иванова-Банџо
македонски агроном
Катерина Иванова-Банџо (27 јануари 1922 во Скопје) — македонски агроном.[1]
Катерина Иванова-Банџо | ||
Родена | Катерина Иванова 27 јануари 1922 Скопје, Кралство Југославија | |
---|---|---|
Националност | Македонка | |
Занимање | агроном |
Животопис
уредиВо Скопје завршува основно образование и гимназија. Дипломирала на Земјоделскиот факултет во Земун (1948). По дипломирањето била избрана за асистент по специјално земјоделство на Земјоделско-шумарскиот факултет во Скопје. Хабилитира во 1960 година и станува доцент по предметот фуражно производство. Докторира на тема „Влијанието на еколошките фактори и на некои агротехнички мерки врз порастот и развитокот на еспарзетата во Скопската Котлина“.
Наводи
уреди- ↑ Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Иванова-Банџо“. Македонска енциклопедија. , книга I (А-Љ). Скопје: МАНУ. стр. 585. Text "series " ignored (help)