Надежда Бајрактарова-Ѓорчуловска

македонски стоматолог

Надежда Бајрактарова-Ѓорчуловска (р. 12 декември 1936 во Прилеп) — македонски стоматолог, специјалист-ортодонт и универзитетски професор на Стоматолошкиот факултет во Скопје.[1]

Надежда Бајрактарова-Ѓорчуловска
Родена Надежда Христова
12 декември 1936
Прилеп, Кралство Југославија
Националност Македонка
Занимање специјалист по ортодонција со протетика

Животопис уреди

Средното образование го завршила во Струмица, а дипломирала на Стоматолошкиот факултет во Белград во 1962 година. Во 1970 година станала специјалист по ортодонција, магистрирала во 1977 година, а докторатот го завршила во 1986 година. Имала престои во Финска и во Норвешка. Во својата кариера издала 82 статии, од кои 77 се објавени во домашни и 5 во странски публикации.[1]

Првото вработување на проф. д-р Надежда Ѓорчулеска-Бајрактарова било во Здравствената станица при фабриката „Македонка“ во Штип во 1963 година. Во 1965 година се вработила на Клиниката за ортодонција, Стоматолошки отсек при Медицинскиот факултет во Скопје. Во 1970 година била избрана за асистент на истоимениот предмет. Во 1980 година била избрана во звањето доцент на катедрата за ортодонција при Стоматолошкиот факултет во Скопје, а во 1985 година за вонреден професор на истата катедра. Во 1990 година била избрана во звањето редовен професор, а во 1996 година била преизбрана во истотото звање. Се пензионирала во 1996 година.

Научниот интерес ѝ е насочен кон растот и развојот на структурите на краниофацијалниот комплекс. Ја објавила монографијата „Основи на ортодонцијата“ (I дел).[1]

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 1,2 Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Бајрактари“. Македонска енциклопедија. , книга I (А-Љ). Скопје: МАНУ. стр. 118. Text "series " ignored (help)