Сехадет Доко
Сехадет Доко (моминско: Мекули; 16 октомври 1928 во Охрид — 12 ноември 2013 во Приштина) — македонска лекарка, која била прва Албанка што станала лекар во Југославија.[1]
Сехадет Доко | ||
Родена | Сехадет Мекули 16 октомври 1928 Охрид, Кралство Југославија | |
---|---|---|
Починала | 12 ноември 2013 Приштина, Косово | (возр. 85)|
Националност | Албанка | |
Позната | прва лекарка Албанка во Југославија | |
Занимање | лекарка, професорка | |
Сопружник | Есад Мекули | |
Деца | 2 |
Животопис
уредиДипломирала во првата генерација на Медицинскиот факултет во Скопје (1947 – јануари 1954). Како студент била демонстратор по наставните предмети Анатомија и Патофизиологија и соработник на Институтот за судска медицина во Скопје. Првин се вработила во Приштинската болница, а потоа специјализирала гинекологија и акушерство во Белград (1960). По враќањето била шеф на Одделението за гинекологија во Градскиот диспанзер, а при отворањето на Приштинскиот универзитет била избрана за професор на тамошниот Медицински факултет. Била директор на Клиниката за гинекологија во Приштина (1972-1981) и докторирала на тема „Токсоплазмата кај жената во фертилната возраст во САП Косово” (Белград, 1974). Основоположник е на списанието „Праксис медика”. Учествувала на повеќе научни собири во земјата и во странство и има објавено над 30 научни трудови. Форумот на жените на Косово ја прогласи за водечка интелектуалка на Косово (1997).
Наводи
уреди- ↑ Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Доко“. Македонска енциклопедија. , книга I (А-Љ). Скопје: МАНУ. стр. 480. Text "series " ignored (help)