Љубица Шутуркова
Љубица Шутуркова (моминско: Данчова; 4 декември 1959 во Скопје) — македонски фармацевт и универзитетска професорка на Фармацевтскиот факултет во Скопје, раководителка на Институтот по фармацевтска хемија.[1]
Љубица Шутуркова | ||
Родена | Љубица Данчова 4 декември 1959 Скопје, СФР Југославија | |
---|---|---|
Националност | Македонка | |
Занимање | фармацевт, универзитетска професорка |
Животопис
уредиБила декан на Фармацевтскиот факултет во Скопје од 1998 до 2004 година. Од 2004 година е проректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Претседател на Фармацевтската комора на Македонија (1999-2000 година). Има објавено над 60 научни и стручни трудови и над 30 соопштенија на симпозиуми и конгреси во и надвор од земјата. Автор е на едно поглавје во „Фармакотерапискиот прирачник“. Била раководител и учесник на неколку научни-истражувачки и стручни проекти. Посебен придонес има за унапредувањето на фармацевтската едукација во земјава.
Наводи
уреди- ↑ Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Шутуркова“. Македонска енциклопедија. , книга II (М-Ш). Скопје: МАНУ. стр. 1671. Text "series " ignored (help)