Стерјана Вангелова-Славјанка

македонски деец и учесничка во Грчката граѓанска војна

Стерјана Вангелова-Славјанка ( 1924, Добролишта - 19 мај 2005, Скопје) — македонски деец на комунистичкото движење,[1] учесник во НОВ и во Граѓанската војна во Грција.[2]

Стерјана Вангелова-Славјанка
Родена Стерјана Вангелова
1924
Добролишта, Костурско, Грција
Починала 19 мај 2005
Скопје
Занимање деец

Животопис

уреди
 
Партизанки од Егејскиот воденски округ, Првата егејска ударна бригада. Фотографирано во Кавадарци, 30 септември 1944 година

Стерјана учествувала во Антифашистичкиот отпор (1941-1944),[1]се приклучила во НОВ во 1941 година. Била активистка на младинската организација ЕПОН. Во Првата егејска ударна бригада станала младински раководител на Првиот баталјон. [2]

Во периодот на Граѓанската војна во Грција (1946-1949) била секретар на Окружниот комитет на АФЖ за Костурско и Леринско и организационен секретар на Главниот одбор на АФЖ за Егејска Македонија.[1][2]

Во 1948 година емигрирала во НРМ.[1]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Ванковска“. Македонска енциклопедија. , книга . Скопје: МАНУ. стр. 237. Text "series " ignored (help)
  2. 2,0 2,1 2,2 Киселиновски и др., д-р Стојан (2000). Македонски историски речник. Скопје: ИНИ. стр. 95. ISBN 9989-624-46-1.