Катја Ефтимова
Катја Ефтимова (Пазарџик, Бугарија, 31 мај 1910 - Скопје, 1996) била една од првите македонски сликарки, претставничка на постимпресионизмот и реализмот. Дипломирала на Уметничката академија во Софија во 1932 година. Самостојно излагала во Битола (1945), Гостивар (1954), Тетово (1954 и 1997) и Скопје (1959, 1965, 1973, 1975, 1985 и 1997). Учествувала и на повеќе групни изложби. Посебно се издвојуваат нејзините дела „Циганка“ (1933), „Кринови“ (1947) и „Отешево“ (1957)[1].
Наводи
уреди- ↑ Boškovska, Nadica (2000). Bibliografija na makedonskata likovna umetnost. 2. Narodna i Univerzitetska Biblioteka "Kliment Ohridski".