Зорица Блажевска
Зорица Блажевска (6 октомври 1948 во Скопје) — македонска архитектка и универзитетска професорка на Архитектонскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.[1]
Зорица Блажевска | ||
Родена | 6 октомври 1948 Скопје, СФР Југославија | |
---|---|---|
Националност | Македонка | |
Занимање | архитект |
Животопис
уредиЗорица Блажевска дипломирала на Архитектонско-градежниот факултет во Скопје (1973). Вработена е на Архитектонскиот факултет во Скопје како асистент и по изборот во други наставнички звања е избрана за редовен професор (2003) по преметот Проектирање станбени и угостителски објекти. Докторирала на Архитектонскиот факултет во Скопје (1991). Освен со педагошка дејност, се занимава и со научноистражувачка работа, со архитектонско проектирање и со публицистика. Нејзината проектантска активност резултира со реализација на повеќе поединечни семејни куќи, а забележително е и учеството на анонимни архитектонски конкурси.
Награди
уредиНаводи
уреди- ↑ Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Блатна“. Македонска енциклопедија. , книга I (А-Љ). Скопје: МАНУ. стр. 171. Text "series " ignored (help)
- ↑ „НАГРАДАТА "АНДРЕЈА ДАМЈАНОВ" ОВАА ГОДИНА ЌЕ БИДЕ ДОДЕЛЕНА НА АРХИТЕКТОТ ЗОРИЦА БЛАЖЕВСКА“. МАРХ. 20.12.2022. Посетено на 25 јануари 2022. Проверете ги датумските вредности во:
|date=
(help)