Соња Џикова
македонски нефролог
Соња Џикова (р. 24 октомври 1945 во Скопје) — македонска специјалистка, интернист-нефролог.[1]
Соња Џикова | ||
Родена | 24 октомври 1945 Скопје, СФР Југославија | |
---|---|---|
Националност | Македонка | |
Занимање | нефролог |
Животопис
уредиМедицински факултет завршила во 1970 година, а специјализација по интерна медицина и супспецијализација по нефрологија на Медицински факултет во Скопје.
Создала Оддел за ехосонографија и интервентна ехосонографија во 1982 година. Се усовршувала во повеќе центри во Европа (Данска, Белгија, Германија). Докторирала и објавила повеќе од 120 стручни и научни трудови.
Соавтор е на прирачникот за лекари „Современа дијагностика и терапија во медицината“ (2000) и „Интерна медицина“ (2003).
Наводи
уреди- ↑ Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Џикова“. Македонска енциклопедија. , книга II (М-Ш). Скопје: МАНУ. стр. 1640. Text "series " ignored (help)